Бешикташ започна иницијатива за ангажман на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој моментно е фудбалер на германски Лајпциг. Турскиот гигант сака да го засили составот пред новата сезона, а Елмас е една од главните желби на клубот.
Според информациите на „Спорт Медиасет“, Бешикташ веќе влегол во трка за потписот на 26-годишниот играч за врска, кој се врати во Лајпциг откако Наполи не ја активираше опцијата за негов откуп.
Се очекува во наредниот период да започнат конкретни преговори за реализација на трансферот. За Елмас, кој во минатото настапуваше за Фенербахче, се споменува отштета од околу 10 милиони евра.
Сепак, Бешикташ нема да има лесна задача, бидејќи интерес за македонскиот фудбалер покажува и италијанскиот гигант Јувентус.
Елмас, кој не крие дека не е целосно задоволен од ситуацијата во Лајпциг, во следните денови треба да донесе конечна одлука за својата иднина.
Македонскиот репрезентативец во кариерата настапуваше за Работнички, Фенербахче, Наполи и Лајпциг, а со италијанскиот клуб во 2023 година ја освои титулата во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













