Connect with us

Бешикташ се повлече од преговорите со Салах, сега тргнува по ѕвездата на Милан

Амбициозниот обид на Бешикташ да го ангажира Мохамед Салах како слободен играч заврши без успех. Египетската ѕвезда, која стана слободен агент по истекот на договорот со Ливерпул на 30 јуни, беше една од главните трансферни цели на турскиот гигант.

Иако Бешикташ му понудил годишна плата од 12,5 милиони евра, преговорите пропаднале поради несогласувања околу комерцијалните права и провизиите за агентите.

Спортскиот директор на клубот, Јондер Јозен, потврди дека разговорите се прекинати, нагласувајќи дека Бешикташ не бил подготвен да ги надмине однапред поставените финансиски и правни рамки.

Според турските медиуми, претседателот на клубот донел непопуларна одлука привремено да се повлече од преговорите за ангажманот на Салах, со што трансферот практично пропаднал.

По неуспехот во обидот да го доведе египетскиот репрезентативец, Бешикташ веднаш се насочил кон нова голема трансферна цел.

Според информациите од Италија, турскиот клуб веќе воспоставил контакт со Милан за можен трансфер на португалскиот репрезентативец Рафаел Леао.

Сепак, „росонерите“ немаат намера лесно да се разделат со својот офанзивец. Милан е подготвен да разговара исклучиво за целосен трансфер и го проценува Леао на сума меѓу 50 и 60 милиони евра.

Дополнителна пречка претставуваат и финансиските барања на самиот фудбалер, кој бара најмалку осум милиони евра годишна плата, плус бонуси.

Останува да се види дали Бешикташ ќе успее да ги исполни овие услови или ќе мора да побара ново решение за засилување на нападот пред крајот на летниот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови