Connect with us

Бешикташ го купил Бесар Гуџуфи?

Еден од најголемите македонски фудбалски таленти, фудбалерот на Беласица, Бесар Гуџуфи, прави трансфер во Бешикташ. Тој треба да потпише петгодишен договор со турскиот гигант, откриваат медиумите во оваа земја.

Гуџуфи беше член на Вардар, но откако увиде дека состојбата во клубот е хаотична одлучи да се пресели во Беласица за да се стекне со прволигашко искуство.

Патот на Гуџуфи во Турција го споредуваат со трансферот на Елиф Елмас во Фенербахче. Покрај Бешикташ, за офанзивецот се интересираше и Трабзонспор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови