Connect with us

Беше договорен со Интер, па се премисли за Атлетико Мадрид, а сега би можел да потпише за Барселона

Роналд Араухо одлучи да ја продолжи кариерата во Ливерпул, а потоа веднаш во јавноста се појави неочекувана информација – Барселона би можела да се обиде да го доведе аргентинскиот стопер Кристијан Ромеро.

Набрзо по потврдата дека Араухо заминува во Ливерпул, стигнаа информации дека Ханси Флик сепак сака уште еден централен дефанзивец. Причината е тоа што германскиот стратег на Ерик Гарсија гледа како конкуренција на Жил Кунде за позицијата десен бек.

Со заминувањето на Араухо, на стоперските позиции остануваат Пау Кубарси, Жерар Мартин и Андреас Кристенсен, па интересот за Ромеро во овој момент изгледа сосема логично.

Интересно е што на социјалните мрежи повторно се прошири изјава на Ромеро во која тој зборуваше за својата поврзаност со Барселона.

„Растев гледајќи ги Карлес Пујол и Жерар Пике. Тие беа мои идоли, а таа Барселона беше најдобриот тим што сум го гледал“, изјавил аргентинскиот дефанзивец.

Аргентинските медиуми дополнително ја подгреаја приказната и тврдат дека Барселона би можела да стане сериозна опција за Ромеро. Интересно е дека претходно тој беше речиси договорен за трансфер во Интер.

„Атлетико и Тотенхем постигнаа договор, но Барселона би можела да се вмеша и да го расипе трансферот. Каталонскиот клуб е подготвен да ја зголеми понудата“, објавија медиумите во Аргентина.

Каталонскиот клуб долго време го следи и Алесандро Бастони, кој беше една од главните желби на клубот за засилување на одбраната. Италијанецот, сепак, би бил значително поскап, бидејќи Интер наводно не би го пуштил за сума помала од 70 милиони евра.

Останува да се види како ќе заврши ситуацијата, но спортскиот директор Деко очигледно има намера дополнително да го засили тимот по желбите на Ханси Флик.

Доколку навистина пристигнат Ентони Гордон, Карим Адејеми и Родри, Барселона би можела да има исклучително активен преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови