Арсими денес пред својата публика ќе го одигра натпреварот од 21-коло против незгодниот противник, Тиквеш од Кавадарци.
Интернационалецот од Босна и Херцеговина во редовите на Арсими , Армин Бесагиќ, зборува во пресрет на важниот натпревар против Тиквеш, потенцирајќи го значењето што овој дуел го има за неговата екипа во оваа фаза од шампионатот.
Според Бесагиќ, тимот е максимално подготвен и свесен за тежината на бодовите што се во игра.
“Овој е многу важен натпревар за нас. Знаеме колкава вредност имаат бодовите во оваа фаза од шампионатот и максимално се подготвивме за да го дадеме најдоброто од себе на теренот. Го почитуваме противникот, но ќе влеземе со победнички менталитет”
Тој се осврна и на последниот натпревар против Македонија Ѓ.П, на кој постигна гол, но Арсими одигра нерешено 1:1.
“Среќен сум за постигнатиот гол, бидејќи секогаш е посебно чувство да му помогнеш на тимот. Но искрено, не можам да бидам целосно задоволен затоа што не успеавме да ја добиеме средбата. Како екипа сме разочарани што не ги освоивме трите бода, бидејќи сметаме дека ја заслуживме победата”, нагласи Бесагиќ.
На крајот истакна дека екипата е мотивирана разочарувањето да го претвори во позитивна енергија во следниот натпревар.
“Сакаме да го искористиме овој натпревар за реакција и враќање на победничките патеки. Ќе се бориме до последната минута за да го оствариме резултатот што ни е потребен”, заклучи фудбалерот на Арсими Бесагиќ.
Натпреварот Арсими-Тиквеш од 21 коло од нашето фудбалско првенство, ќе се одигра денес со почеток од 14:00 часот на градскиот стадион во Гостивар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













