Јувентус е на прагот да го донесе Бернардо Силва. Според „Ла Стампа“, португалскиот офанзивен играч на Манчестер Сити е во преговори со „старата дама“ и би можел да се пресели на „Алијанц“ без обештетување на крајот од сезоната.
Договорот на Силва со „граѓаните“ истекува, а Јувентус го гледа ова како совршена шанса за посакувано засилување без да се плати трансферна клаузула. Португалецот веќе одбил да го продолжи договорот со Сити, што значи дека дефинитивно ќе го напушти клубот.
Иако Бернардо е главната цел, „старата дама“ сè уште бара и дополнителен играч за средниот ред, а меѓу кандидатите е Гвидо Родригез од Вест Хем. Сепак, тренерот Лучијано Спалети не сака да брза, сакајќи да ги разгледа сите опции пред да донесе конечна одлука.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













