Бернардо Силва нема да се пресели во Јувентус по завршувањето на сезоната, откако веќе ја одбил понудата од торинскиот клуб, пренесуваат италијанските медиуми.
Според информациите, фудбалерот на Манчестер Сити не сакал ниту да чека разврска околу пласманот на Јувентус во Лига на шампиони, бидејќи неговиот приоритет е трансфер во Шпанија.
Во моментов најсериозен кандидат за неговиот потпис е Атлетико Мадрид. Тренерот Диего Симеоне го гледа Бернардо Силва како идеална замена за Антоан Гризман, кој е пред заминување од клубот и кариерата би требало да ја продолжи во САД во дресот на Орландо Сити.
Покрај Атлетико, интерес за португалскиот репрезентативец има и од Реал Мадрид, особено од новиот тренер што треба да биде именуван, Жозе Мурињо.
Интерес покажал и Галатасарај, но шпанските гиганти во моментов има најголеми шанси да го реализира трансферот.
Италијанските медиуми наведуваат и дека Јувентус тешко би можел да ги исполни финансиските барања на Бернардо Силва доколку не обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













