Карим Бензема повторно беше херој на „кралевите“ во Лигата на шампионите. Неверојатниот француски напаѓач постигна хет-трик синоќа против Челси, а малку недостигало да не игра на „Стемфорд бриџ“. Бензема имал необичен проблем пред натпреварот. Ја заборавил пропусницата на стадионот, откри тренерот Карло Анчелоти.
„Му реков дека нема да игра бидејќи ја загуби акредитацијата без која не може да влезе на стадионот. Но, нашиот масер ја спаси ситуацијата. Ја најде акредитацијата на Карим и сите се насмеавме после тоа. Немам ништо премногу да кажам за Карим, тој е навистина фантастичен“, изјави Анчелоти.
Бензема оваа сезона постигна 37 гола на 36 натпревари. Има и 13 асистенции.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













