Connect with us

Бензема се враќа во Европа и ќе заигра за Баер Леверкузен?

Карим Бензема би можел да направи неочекуван пресврт во кариерата и повторно да заигра во Европа. Францускиот напаѓач, кој моментално е без клуб, добил конкретен интерес од Баер Леверкузен.

Бензема веќе две недели е слободен играч, откако не успеа да реализира ниту една од досегашните опции за продолжување на кариерата. Неговата голема желба е враќање на европската сцена, а досега во комбинација беа Бенфика и Лион.

Со Бенфика имало разговори, но двете страни не успеале да постигнат договор. Следната опција бил Лион, клубот во кој Бензема ги направи првите фудбалски чекори и со кој е особено емотивно поврзан. Сепак, и тој план пропаднал.

Во меѓувреме, во приказната се појави Баер Леверкузен.

Алжирскиот новинар Илиес Кадури објави дека германскиот клуб стапил во контакт со Бензема и сериозно размислува за негово доведување. За Леверкузен, неговото искуство би можело да биде огромен плус, особено во нападот.

Бензема, според истите информации, не е рамнодушен кон идејата за преселба во Германија. Тој наводно веќе разговарал и со поранешните соиграчи Муса Дијаби и Лукас Васкез за можноста да се врати во европскиот фудбал.

Но, постои проблем кој може да го закочи целиот трансфер.

Иако Бензема повеќе не е фудбалер во Саудиска Арабија, тој има амбасадорски договор со оваа земја до 2030 година. Договорот подразбира негово присуство на повеќе настани во текот на годината, што би можело да биде тешко усогласливо со професионалните обврски во Германија.

Токму затоа, неговите претставници во моментов се обидуваат да постигнат договор со саудиската страна. Не станува збор за целосно откажување од договорот, туку за промена на обврските и нивно намалување во периодот во кој Бензема би играл во Европа.

Само пред неколку недели се зборуваше и за можноста Французинот да ја заврши кариерата доколку не добие дозвола за враќање на европската сцена.

Сега, сепак, се појави нова надеж.

Баер Леверкузен може да биде клубот кој ќе му овозможи на 38-годишниот Бензема повторно да игра во едно од најсилните првенства во Европа. Останува само да се пронајде решение за неговите договорни обврски надвор од теренот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови