Францускиот ас на Реал Мадрид, Карим Бензема, повторно беше човек на одлука за „кралевите“ и го постигна победничкиот гол во големиот камбек и триумф против Севилја (2-3). Тој истовремено постави и личен рекорд во шпанската Ла Лига.
Неговиот гол во судиското продолжение донесе целосен пресврт и беше 25-ти за него оваа сезона. Бензема постави рекорд на 28 одиграни натпревари досега за Реал.
Претходниот рекорд на Бензема беше 24 гола на 27 натпревари во сезоната 2015/2016. Французинот е дел од Реал Мадрид од 2009 година.
Вкупната бројка голови на Бензема за Реал Мадрид оваа сезона е 39. Тој има 12 гола во Лигата на шампионите, како и два гола во Суперкупот на Шпанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зиелински го нокаутира Јуве во 90.минута (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“













