Connect with us

Бензема има понуда од 200 милиони евра од Ал-Итихад, а Реал се врти кон Хари Кејн и Лаутаро Мартинез

Најголемата ѕвезда и капитен на Реал Мадрид, Карим Бензема би можел да го напушти клубот ова лето, тврдат извори во Шпанија. Договорот на 35-годишниот напаѓач истекува за еден месец. Слична е ситуацијата и со уште двајца искусни лидери на тимот, Тони Крос и Лука Модриќ.

Германецот веќе се согласил да го продолжи договорот, а Хрватот само чека повик од клубот. Спротивно на тоа, Бензема допрва треба да ја објави својата одлука на раководството и покрај инсистирањето на директорите.

Затоа, според „Марка“, напаѓачот моментно е поблиску до заминување од „Сантијаго Бернабеу“ отколку да го продолжи договорот. Молкот на играчот кон раководството на „кралевите“ продолжува и по елиминацијата на Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите, што ги загрижува луѓето околу претседателот Флорентино Перез.

Во меѓувреме, Бензема добил примамлива понуда од Саудиска Арабија. Оттаму му понудија 200 милиони евра за две сезони, а на ова ќе се додадат и пари за имиџ права, како и изградбата на училишта под патронат на Французинот.

„Марка“ го посочува и конкретниот клуб кој ја дал оваа понуда, Ал-Итихад, а весникот се повикува на истиот извор кој им ја даде и информацијата за трансферот на Кристијано Роналдо во Ал-Наср.

Во Реал Мадрид секако нема да седат со скрстени раце. Јасна е намерата да го земат Хоселу од Еспањол по заминувањето на Маријано Дијаз, кој комплетно разочара. Меѓутоа, кога ќе се раздели со Бензема, клубот ќе избере меѓу Хари Кејн или Лаутаро Мартинез. Конечниот избор треба да го направи тренерот Карло Анчелоти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови