Connect with us

Бенфика го бара Елмас, но Наполи нема намера да го продаде

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е желба на португалскиот гигант Бенфика. Првопласираниот тим на табелата во португалскиот шампионат испратил понуда вредна 18 милиони евра за Елмас, но Наполи нема намера да го продаде, посебно не за таа сума.


Елмас оваа сезона најчесто е џокер од клупата за Лучијано Спалети, а минатиот меч против Аталанта доби шанса како стартер и се заблагодари со победнички гол.

Елмас за 16 милиони евра направи трансфер од Фенербахче во Наполи во 2019 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови