
Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, ќе го пропушти почетокот на сезоната 2025/26 во Ла Лига, бидејќи се очекува летово да биде подложен на операција на рамото, по што ќе отсуствува од фудбалските терени околу три месеци.
21-годишниот фудбалер има проблем уште од 2023 година, кога го измести рамото за време на натпреварот против Рајо Валјекано. Поради таа повреда пропушти четири натпревари, вклучително и квалификациите на Англија за ЕВРО 2024 против Малта и Македонија, но сè уште чувствува болки во рамото.
Според „Атлетик“, Белингам ќе биде опериран по завршувањето на Светското клупско првенство ова лето, со цел конечно да се реши проблемот со неговото рамо.
Процедурата има за цел да спречи идни ишчашувања и се очекува периодот на рехабилитација да трае најмалку 12 недели, што го доведува во прашање неговото учество во почетната фаза од новата сезона на Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal