Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Џуд Белингам, смета дека победата на Арсенал е целосно заслужена и дури призна дека неговиот тим се извлекол од уште потежок пораз на „Емирати“.
„Кралевите“ загубија со 3-0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите и се на чекор до елиминација од турнирот.
„Факт е дека не бевме блиску до позитивен резултат. Домаќините беа навистина добри. Јасно е дека два од головите дојдоа по слободни удари и беа резултат на индивидуално мајсторство, но искрено, можеа да ни дадат и повеќе голови. Имавме среќа што примивме само три“, изјави Белингам.
Англискиот репрезентативец, сепак, се надева на многу поинаков реванш.
„Сепак, ни претстои реванш и веќе размислуваме за него. Свесни сме дека ќе мора да направиме нешто неверојатно, нешто лудо. Но ако тоа може да се случи некаде, тогаш тоа е само на нашиот стадион „Сантијаго Бернабеу“, изјави Белингам.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зиелински го нокаутира Јуве во 90.минута (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“













