Connect with us

Беласица сака назад во елитата, ама Скопје не сака ранг подолу

Младиот тим на Беласица успеа да се избори за бараж, а тренерот Александар Стојанов и фудбалерите веруваат дека можат да ја прескокнат и последната пречка и да се вратат во Првата лига. Но, така не мисли ФК Скопје, кој сака да остане дел од елитата и ќе се обиде да го сочува статусот на денешниот бараж во Штип.

„Направивме голем успех со овој млад тим, верувавме дека можеме да стигнеме до второто место во Втората лига Исток и кога други не отпишаа. Имаме огромен мотив да се докажеме и на баражот против Скопје“, изјави Александар Стојанов, тренерот на Беласица.

Скопје зад себе има прволигашка сезона и тоа треба да биде адут за стратегот Љупчо Марковски Калц и неговите фудбалери.

Само еден ќе биде дел од елитата следната сезона, Скопје или Беласица, одговорот ќе го даде денешната пресметка (17 часот) во Штип.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови