Шкендија доживеа минимален пораз од АЕК Ларнака со 1-0, но и покрај тоа го оствари посакуваниот пласман во 1/16-финалето од Конференциската лига. Стратегот на тетовскиот тим, Јетон Беќири, посочи дека пресудниот момент на средбата бил во 53. минута, кога Љатифи беше исклучен со директен црвен картон.
„До моментот на исклучувањето имавме целосна контрола врз натпреварот. Токму тогаш планиравме и одредени измени во составот, додека противникот требаше да преземе поголем ризик. Се соочивме со исклучително силен ривал, екипа која во ова натпреварување има победи против тимови од највисок калибар“, истакна Беќири.
Според него, овој успех е значаен, а амбициите растат – од сон за пласман во Конференциската лига, до желба за чекор понатаму и место меѓу најдобрите 16 екипи.
Тој најави дека фокусот на Шкендија во продолжението на сезоната ќе биде насочен кон домашното првенство и Купот на Македонија, со цел следното лето повторно да обезбедат европски настап.
„Сосема е природно да чувствуваме позитивни емоции. Прво сонувавме за учество, потоа за минување на групата, а сега, кога веќе успеавме, ќе сонуваме и за ново коло. Таков е нашиот менталитет, особено во Тетово. Тимот во овие шест натпревари покажа стабилност и со малку повеќе среќа и искуство можевме да освоиме и повеќе бодови. Благодарен сум на сите што беа со нас, а напролет повторно ќе се гледаме во Европа. За мене приоритет остануваат првенството и Купот, додека европските натпревари се еден вид бонус. Потенцијалните противници на ждрепката се квалитетни и атрактивни екипи, што најавува интересна и позитивна пролет. Посебна благодарност и до критичарите – и тие имаат свој удел во резултатите. Единствено би замолил критиките да бидат насочени кон мене, а не кон фудбалерите“, порача Беќири.
Во 1/16-финалето, Шкендија ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу полскиот Лех Познањ и турскиот Самсунспор, а противникот ќе биде познат по ждрепката закажана за 16 јануари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













