Македонскиот првак Шкендија утревечер (20 часот) на Националната арена “Тодор Проески” го пречекува Карабах, шампионот на Азербејџан, во воведниот меч од второто коло од квалификациите во Лигата на шампионите.
Тренерот Јетон Беќири верува дека неговиот тим може да одигра на високо ниво.
“Карабах е многу квалитетен тим, во последните 12 години освои 11 шампионски титули во Азербејџан. Ние треба не само да го дадеме максимумот, туку да одиме и над лимитот на нашите можности”, изјави тренерот Јетон Беќири.
Напаѓачот Бесарт Ибраими истакна дека тимот е подготвен за ново надигрување и успех.
“Сигурно ќе го дадеме максимумот, а веруваме и дека можеме да направиме нов историски резултат. Карабах е секако одличен тим, но ќе се обидеме да ги надиграме”, истакна Ибраими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













