Македонскиот првак Шкендија утревечер во Скопје го пречекува романскиот ФЦСБ, во воведниот меч од второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите. Тренерот Јетон Беќири смета дека Романците се фаворити, но сигурно дека Шкендија нема да се предаде лесно.
“Ни следи дуел со ФЦСБ, во кој ривалот е фаворит. Станува збор за сериозен тим со богата историја. Се работи за поранешен освојувач на Лигата на шампионите. Имаме уште еден тренинг и низ анализа со играчите ќе се подготвиме за дуелот. Арбен Зејнулаи е со нас, имаше досега три тренинзи, има воспаление на мускулите, но ќе биде во комбинација за настап во консултација со лекарите. Околу ФЦСБ, тоа е гигант во европски рамки со голема традиција. Но, ние сме Шкендија и ќе се обидеме да одговориме на ниво за овие натпревари. Ова е голем меч, секој следен меч за нас ќе биде меч за престиж.
Околу шансите да играме во групна фаза барем во Конференциска лига, ние мора максимално да бидеме фокусирани на овој двомеч и на ФЦСБ, да се обидеме потоа да мислиме по Букурешт. Што се однесува до шанси да играме во групи, тие секогаш се отвораат по првиот квалификациски циклус. Затоа беше мечот со ТНС важен, затоа што ти дава три шанси”, изјави тренерот на Шкендија.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













