Дербито на Баскија во Сан Себастијан заврши без победник и без возбудувања – Реал Сосиедад и Атлетик Билбао одиграа реми без голови (0-0), во натпревар што повеќе ќе се памети по борбеноста отколку по фудбалскиот квалитет.
Двата тима делуваа внимателно и резервирано, а вистинските шанси беа ретки. Реал Сосиедад имаше нешто повеќе од играта, а најдобрата можност ја пропушти Мендез во 61. минута, кога неговиот удар го скроти одличниот Унаи Симон.
Во завршницата и двете екипи се обидоа да дојдат до победа со неколку опасни акции, но без реална закана за мрежите. На крајот, поделба на плен што повеќе им одговара на гостите – Атлетик останува во битката за место во Лигата на шампионите, додека Сосиедад ќе мора да се задоволи со помали амбиции.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













