Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на денешниот брифинг се осврна на повеќе актуелни теми поврзани со домашниот фудбал, а меѓу нив беше и случајот со Башкими.
Првиот човек на ФФМ потенцираше дека федерацијата нема законска можност самостојно да исфрли клуб од натпреварување без претходно да биде донесена правосилна судска одлука. Според него, сите постапки поврзани со сомнителни натпревари се водат врз основа на информации добиени од УЕФА, а потоа случаите се препраќаат до надлежните институции.
„Секогаш ќе постојат сомнителни натпревари. Ние добиваме известувања од УЕФА и никогаш не постапуваме самоиницијативно. По секој натпревар за кој постои сомнеж добиваме детална анализа со која се објаснува на кој начин е нарушен интегритетот на натпреварот. Наша обврска е тие информации да ги доставиме до надлежните органи, односно до Министерството за внатрешни работи, а понатаму институциите ја преземаат постапката“, изјави Омерагиќ.
Тој додаде дека случајот со Башкими веќе е во судска процедура и дека во него се опфатени повеќе лица од фудбалските структури.
„Колку што сум информиран, предметот е стигнат до суд и во него има конкретни имиња на службени лица, тренери и фудбалери. Ниту УЕФА, ниту ФФМ не се судски органи. Ние можеме да преземеме мерки само врз основа на правосилна пресуда. Лицата кои признале одредени дејствија се суспендирани, но за санкционирање на клуб мора да постои судска одлука. Сѐ додека нема таква пресуда, нема да биде исклучен ниту еден клуб“, нагласи претседателот на ФФМ.
Според досегашните информации, предметот поврзан со натпреварот меѓу Кожуф и Башкими е веќе пред судските органи, кои треба да утврдат дали постои одговорност и какви ќе бидат евентуалните последици за инволвираните страни.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













