Македонскиот фудбал повторно е под лупа, но не поради игрите на теренот, туку поради сомнежи за местење натпревари и манипулации со резултати. Во фокусот е Башкими, кој веќе има „тешко“ минато со скандалот против Кожуф, а сега повторно е под истрага за сомнителни активности околу своите натпревари. Финансиски траги наводно водат директно до највисоките структури во клубот, а доколку се потврдат, казните ќе бидат драстични – од одземање бодови и парични казни, па сѐ до исфрлање од Првата лига.
И додека институциите треба да реагираат, Башкими повторно создава драма на теренот, тоа е и причина за последниот инцидент со дуелот против Вардар. Се обидуваат да замешаат и да се одбранат со политика и со скандали за национализам.

Се чини дека и „проблемот со албанското знаме“ на мечот меѓу Шкендија Арачиново и Преспа е класично одвлекување на внимание од вистинските проблеми.
Националистички испади на трибините се сериозен социјален предизвик, но тие не можат да ја сокријат суштината: интегритетот на фудбалската играта е под знак прашалник.
Додека јавноста и навивачите се фокусираат на „спонтаните“ инциденти, Башкими и некои други клубови продолжуваат да ги игнорираат правилата и фер-плејот. Веќе има официјален процес за начинот на кој Башкими влезе во Првата лига (оној фамозен натпревар со Кожуф и „пуштениот гол“ за 1-2).
Време е ФФМ и надлежните институции да покажат сериозна и транспарентна реакција – ако овие сомнежи се потврдат, тоа ќе биде еден од најголемите удари врз кредибилитетот на македонскиот фудбал во последната деценија. Но, мора да се стави крај на ваквите појави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња













