Connect with us

Башкими донесе десет нови фудбалери во еден ден

ФК Башкими реагираше по поразот од 6-0 од Силекс во првото коло од Првата македонска фудбалска лига, ангажирајќи десет нови фудбалери во еден ден.


​Нови членови на тимот се дефанзивците Џулинај Капланај, Андреј Љубевски и Билал Исени, играчите од средниот ред Габриел Тенлеп, Андри Стафа, Клаудио Мартинез и Мал Јанузи, како и офанзивците Фавзи Јахаја, Антонио Мијамона и Теодор Мирчевски.


​Меѓу засилувањата има интернационалци од Албанија, Камерун, Нигерија и Германија, како и играчи со искуство во домашниот шампионат.

Тенлеп и Исени претходно настапуваа за Воска Спорт, Мирчевски доаѓа од Борец, а Љубевски од Саса.


​Пред стручниот штаб на Башкими сега претстои задачата во краток период да го уигра реновираниот состав за претстојните натпревари од сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови