Раководството на Барселона подготвува сериозна реконструкција на тимот за следната сезона, со план во летниот преоден рок да донесе најмалку две звучни засилувања. Главни цели се стоперот Алесандро Бастони и напаѓачот Хулијан Алварез, кои се гледаат како клучни фигури во системот на тренерот Ханси Флик.
Паралелно со тоа, Каталонците размислуваат и за алтернатива во офанзивниот дел, со оглед на неизвесноста околу иднината на Маркус Рашфорд. Иако во клубот не би имале ништо против да го задржат, единствената прифатлива опција за нив е нова позајмица, сценарио кое Манчестер Јунајтед веќе го одбил. Тоа значително ги намалува шансите англискиот репрезентативец да остане на „Камп Ноу“ и го принудува клубот да бара други решенија.
Според медиумите, вниманието е насочено кон крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола. Доколку стане достапен на пазарот, тој би можел да прерасне во приоритетна цел за засилување на нападот. Сепак, интерес за него покажува и Ливерпул, што дополнително ја компликува ситуацијата.
Како поекономични алтернативи, во игра се и имињата на Ез Абде, Јан Вирхили и Виктор Муњос. Но, евентуален трансфер на Баркола би ги променил приоритетите на каталонскиот клуб.
За да може финансиски да се вклучи во трката, Барселона ќе мора да ослободи простор во буџетот за плати, што може да значи разделба со искусни играчи како Роберт Левандовски, Андреас Кристенсен и Марк-Андре тер Штеген.
Иако квалитетите на Баркола се високо ценети, потенцијална пречка претставуваат односите со неговиот агент Муса Сисоко, кој беше клучна фигура и при заминувањето на Осман Дембеле во 2023 година.
Преговорите сигурно нема да бидат лесни за спортскиот директор Деко, но би биле неизбежни доколку клубот реши да испрати конкретна понуда.
Се споменува сума од околу 80 милиони евра како можна за реализација на трансферот, но останува да се види дали Каталонците ќе располагаат со доволно финансиски средства, имајќи предвид дека примарен фокус остануваат засилувањата во одбраната и нападот.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













