Барселона малку се потешко снајде на гостувањето во Прага, но сепак успеа да ја однесе победата над Славија со 2-4 (2-2) во седмото коло од Лигата на шампионите.
И покрај тоа што неколку првотимци беа отсутни, „каталонците“ покажаа зошто се еден од фаворитите, а триумфот го потврдија во второто полувреме со головите на Дани Олмо и Роберт Левандовски. Фермин Лопез беше двоен стрелец во првиот дел, додека за домаќините стрелаше Васил Кусеј во 10. минута. Исто така, Левандовски несреќно си постигна автогол на крајот од првите 45 минути, што ја збогати драмата на мечот.
Баерн Минхен со 2-0 го совлада Унион Сен-Жилоа благодарение на Хари Кејн, кој постигна гол во 52. минута, а потоа прецизно реализираше пенал. Иако Англичанецот промаши уште еден удар од белата точка во 80. минута, тоа не го загрози исходот на мечот.
Ливерпул победи на гости кај Олимпик Марсеј со 0-3. Шобослаи од слободен удар погоди во 45.минута, а во вториот дел Фримпонг со помош и од Џеронимо Рули зголеми на 0-2 во 72.минута. Третиот погодок беше дело на Коди Гакпо.
Јувентус со 2-0 ја совлада Бенфика. Кефрен Турам го донесе италијанскиот тим во водство во 55.минута, а девет минути подоцна стрелаше и Вестон Меккени.
Аталанта доживеа изненадување на домашен терен, губејќи со 2-3 од Атлетик Билбао. Џанлука Скамака ги донесе домаќините во водство, но Баскијците направија целосен пресврт со головите на Гурузета, Серано и Наваро. Конечниот резултат го постави Никола Крстовиќ две минути пред крајот на натпреварот.
Челси со многу труд некако се справи со Пафос, славејќи со 1-0. Единствениот погодок го постигна Моисес Каиседо во 78. минута, за три бода за „сините“ од Лондон.
Њукасл го победи ПСВ Ајндховен со 3-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













