Раководството на Барселона ја разгледува можноста да го ангажира дефанзивецот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, по поволна цена во јануарскиот преоден рок. Каталонскиот клуб бара нов централен бек за следниот месец и во моментов го истражува пазарот во Премиер лигата за соодветни опции, пишува каталонскиот „Спорт“.
Прва желба на Барса беше дефанзивецот на Нотингам Форест, Муриљо, но обидите за негово ангажирање се покажаа како неуспешни. Раководството на клубот од „Сити Граунд“ постави цена од 100 милиони фунти за бразилскиот репрезентативец и инсистира дека нема да разгледува понуди пред летото.
Поради тоа, од „Камп Ноу“ го насочија вниманието кон Аке, кој би бил значително подостапна опција. Манчестер Сити е поподготвен да разговара за трансфер на холандскиот дефанзивец, кој сезонава поретко се наоѓа во почетниот состав.
Според информациите, Барселона е подготвена да започне преговори со Сити за првична позајмица на холандскиот репрезентативец, со опција за откуп. Од Манчестер Сити исто така се подготвени да седнат на преговарачка маса, доколку добијат доволно интересна понуда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бодо/Глимт го тресна Манчестер Сити
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













