Connect with us

Барселона сака да купи дефанзивец на Астон Вила

Една од главните цели на Барселона е ангажирањето на централен дефанзивец кој игра со левата нога. По заминувањето на Ињиго Мартинез, позицијата за партнер на Пау Кубарси во центарот на одбраната остана слободна. Иако Жерар Мартин добро се покажува на оваа позиција, се чини дека клубот продолжува да бара играч со токму таков профил, а на сцената излегува ново име.

Додека до неодамна Нико Шлотербек се чинеше како приоритет, а Алесандро Бастони како „невозможен сон“, сега нов фудбалер е под блиско следење од каталонскиот клуб.


Според „ЕСПН“, станува збор за Пау Торес. Како што тврди медиумот, Пау Торес е централен дефанзивец кој отсекогаш бил на радарот на каталонскиот гигант поради одличното изнесување на топката. Всушност, клубот размислувал за негово ангажирање уште кога тој играше во Ла Лига за Вилјареал, но на крајот Астон Вила го купи за околу 40 милиони евра.


Барселона е свесна дека преговорите со тимот од Премиер – лигата нема да бидат лесни, бидејќи Торес е клучна фигура во тактиката на Унаи Емери. Сепак, информациите на „ЕСПН“ покажуваат дека поранешниот играч на „жолтата подморница“ би бил подготвен да се врати во Шпанија ако каталонците донесат цврста одлука да го ангажираат.

Секако, шпанскиот репрезентативец не е единствената опција. Како што се известува веќе подолго време, Нико Шлотербек е друго од имињата кои се најпожелни за позицијата лев централен дефанзивец. Финансиските барања на Германецот можат да достигнат 15 милиони евра бруто плата, а Борусија Дортмунд е подготвена да го пушти за околу 50 милиони евра, бидејќи неговиот договор важи до 2027 година и следното лето ќе влезе во последната година.

Кој и да биде избран за засилување на одбраната, Пау Торес или Нико Шлотербек, Барселона прво ќе треба да ги реши проблемите со финансискиот фер-плеј, бидејќи моментно не го почитува правилото 1:1.


За следниот летен трансфер прозорец, случаи како оние со Роберт Левандовски или Андреас Кристенсен, чиј договор истекува ако не биде продолжен, или Роналд Араухо, кој моментално е надвор од првиот тим, треба да помогнат за определување на пазарните приоритети и би можеле да дадат финансиски поттик на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови