Барселона има намера да го задржи Маркус Рашфорд во својот состав и за сезоната 2026/27. Според шпанскиот весник „АС“, англискиот репрезентативец, кој оваа сезона има седум голови и 11 асистенции во 26 натпревари, ги убедил раководните луѓе на Каталонците и ја има поддршката од Ханси Флик да продолжи да го носи дресот на Барса.
Сега дилемата пред Барселона е поврзана со формулата на зделката: или да ја активираат опцијата за откуп, поставена на 30 милиони евра, или да се обидат да го убедат Манчестер Јунајтед да ја продолжи позајмицата за уште една сезона.
Останувањето на Рашфорд може да влијае врз иднината на Ансу Фати, кој губи место во Монако и сè потешко го гледа своето враќање на „Камп Ноу“. Што се однесува до самиот Рашфорд, напаѓачот е задоволен во Барселона, покажува добар однос дури и кога не е во стартниот состав и позитивно гледа на можноста да ја продолжи врската со каталонскиот клуб – било трајно или преку нова позајмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













