Connect with us

Барселона повторно тргнува по Бастони, Интер бара 70 милиони евра

Барселона не се откажува од Алесандро Бастони и подготвува нов обид за ангажман на дефанзивецот на Интер. Според „Скај Спорт Италија“, каталонскиот клуб и натаму е во контакт со претставниците на италијанскиот репрезентативец, а можно е трансферната операција повторно да биде активирана уште во јануари.

Барселона минатото лето беше блиску до договор со Бастони, кој начелно ја прифатил понудата за соработка до јуни 2031 година. Сепак, трансферот не се реализираше, откако Ханси Флик во последен момент се откажа од идејата да го доведе италијанскиот дефанзивец.

И покрај тоа, контактите со неговиот табор не биле прекинати. Пораката од каталонскиот гигант останала јасна – доколку Бастони одлучи да го напушти Интер, Барселона сака да биде неговата следна дестинација.

И самиот фудбалер не ја отфрла можноста за преселба на „Камп Ноу“, но пред да донесе конечна одлука сака директно да разговара со Флик. Бастони очекува германскиот стратег да му ја објасни планираната улога во тимот и да му потврди колку сериозно смета на него.

Барселона во наредните месеци планира да ги интензивира разговорите со неговите претставници, но за реализација на трансферот ќе мора да преговара и со раководството на Интер.

Ставот на италијанскиот клуб засега е цврст. Интер бара 70 милиони евра за својот дефанзивец и нема намера да прифати понуда под таа сума. Тоа е сериозна пречка за каталонците, но очигледно не и причина да се откажат од трансферот.

Договорот на Бастони со Интер е со важност до јуни 2028 година, па останува да се види дали миланскиот клуб ќе успее да ја обезбеди неговата иднина со нов договор или Барселона ќе најде начин да го реализира посакуваниот ангажман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови