Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез би можел да го напушти Атлетико Мадрид ова лето, а неговото име е едно од најзвучните во актуелниот трансфер период.
За услугите на ѕвездата на „јорганџиите“ се заинтересирани неколку европски гиганти, но засега од Атлетико немаат намера лесно да се разделат со својот најдобар напаѓач.
Најсилен интерес покажува Барселона, а според информациите од Шпанија, и самиот Алварез не би имал ништо против кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“ во дресот на актуелниот шампион.
Каталонскиот клуб неодамна испрати прва понуда од 100 милиони евра за аргентинскиот репрезентативец, но од Мадрид веднаш пристигна негативен одговор. Сепак, одбивањето не ја обесхрабри Барселона, која според последните информации ја зголемила понудата на 130 милиони евра.
Останува да се види дали Атлетико и овојпат ќе ја одбие понудата, но реално малку е веројатно дека до крајот на преодниот рок ќе пристигне подобра финансиска понуда за Алварез.
Аргентинецот својата сениорска кариера ја започна во Ривер Плата, од каде се пресели во Манчестер Сити. Во 2024 година пристигна во Атлетико Мадрид, каде веднаш се наметна како еден од клучните играчи.
Минатата сезона за „јорганџиите“ одигра 49 натпревари во сите конкуренции, постигна 20 голови и запиша девет асистенции.
За неговиот потпис интерес покажува и Арсенал, но Атлетико Мадрид наводно е посклон да го продаде Алварез во Премиер – лигата. Сепак, „топчиите“ во овој момент не се подготвени да понудат сума каква што нуди Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













