Connect with us

Барселона нема да ја плати клаузулата за Рашфорд, но сака да го доведе на нова позајмица

Барселона нема да ја активира откупната клаузула за Маркус Рашфорд. Каталонскиот клуб имаше можност до 15 јуни да го откупи англискиот репрезентативец за 30 милиони евра, но раководството донело одлука да не го стори тоа, пренесуваат каталонските медиуми.

Сепак, шпанскиот шампион не ја исклучува можноста Рашфорд и натаму да биде дел од тимот. Дваесет и осумгодишниот напаѓач ќе мора да се врати во Манчестер Јунајтед, кој ги поседува неговите права, но Барселона е подготвена да започне нови преговори со „црвените ѓаволи“.

Според информациите, најпосакувана опција за каталонците е повторно да го ангажираат напаѓачот на позајмица.

Маркус Рашфорд во минатата сезона постигна 14 голови и запиша 14 асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови