Мароканскиот репрезентативец Азедин Унахи повторно се најде на радарот на Барселона, пренесува „Мундо Депортиво“. Каталонскиот гигант разгледува неколку опции за засилување на средниот ред поради можните кадровски промени во пресрет на новата сезона.
Најголем проблем за Барселона во моментов е повредата на Френки де Јонг, кој според шпанските медиуми би можел да паузира неколку месеци. Во исто време, не е исклучена ниту продажба на Марк Касадо во текот на летниот преоден рок, што дополнително би ја намалило конкуренцијата во средниот ред.
Поради тоа, раководството на каталонскиот клуб сериозно ја разгледува можноста да го ангажира 26-годишниот Унахи, кој се смета за финансиски прифатлива опција. Според информациите, Барселона би можела да го доведе за околу 10 милиони евра, сума што клубот може да си ја дозволи, особено доколку Касадо биде продаден за околу 40 милиони евра.
Сепак, Барселона не е единствениот заинтересиран клуб. Голем интерес покажува и Бетис, кој е подготвен сериозно да се вклучи во трката за потписот на мароканскиот играч за врска. Унахи сака што поскоро да ја реши својата иднина, па следната недела би можела да биде клучна за изборот на неговиот нов клуб.
Да потсетиме, името на Унахи со Барселона првпат се поврзуваше кон крајот на 2022 и почетокот на 2023 година, кога импресионираше со настапите за Мароко на Светското првенство во Катар. Одличната форма ја потврди и на годинашниот Мундијал, каде што беше еден од најдобрите играчи на својата репрезентација, а постигна и два гола во осминафиналниот триумф над Канада.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













