Раководството на Барселона размислува за стратегија за привлекување на Флоријан Вирц, иако фаворит за потписот на талентираниот германски играч за врска е Реал Мадрид, тврди „Мундо Депортиво“.
Се верува дека ѕвездата на Баер Леверкузен има вербален договор со „кралскиот клуб“. Идејата е тој да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ во 2025 година, но Барса ќе се обиде да го „победи“ нивниот голем ривал.
Каталонците знаат дека за да ги осигураат услугите на Вирц треба да издвојат минимум 100 милиони евра. Тие се надеваат дека ѕвездената тим на Реал Мадрид во нападот ќе ги натера Германците да ја подигнат нивната сума.
Фудбалерот веќе ја сподели желбата да игра за Барселона, а покрај тоа на „Камп Ноу“ се во многу добри односи со спортскиот директор на Баер, Симон Ролфс.
Минатата сезона, 21-годишниот Флоријан Вирц забележа 49 настапи во сите натпреварувања за „фармацевтите“, постигнувајќи 18 гола и 20 асистенции, а неговиот тим освои двојна круна во Германија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













