Барселона има намера да ја продолжи соработката со својот тренер Ханси Флик до 2028 година, пренесува германскиот весник „Билд“.
Актуелниот договор на германскиот стручњак беше потпишан во мај 2025 година и важи до крајот на сезоната 2026/27, но раководството на каталонскиот клуб сака уште сега да ја осигура неговата иднина на „Камп Ноу“.
Покрај тоа, челниците на Барселона ја разгледуваат и можноста за ангажман на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Според истите извори, неговиот трансфер би можел да изнесува најмалку 100 милиони евра.
Флик, кој има 60 години, ја презеде клупата на Барселона во мај 2024 година и веднаш остави силен печат. Во својата дебитантска сезона освои тројна круна, Суперкупот на Шпанија, Купот на кралот и титулата во Ла Лига.
Особено импресивни беа настапите против најголемиот ривал Реал Мадрид, кој Барселона го совлада на сите четири меѓусебни дуели: во финалето на Суперкупот (5-2), финалето на Купот на кралот (3-2), како и двата натпревари во првенството (4-0 и 4-3). Во Лигата на шампионите, каталонците стигнаа до полуфиналето, каде беа елиминирани од Интер по драматични натпревари (3-3 и 3-4).
Покрај клупската кариера, Ханси Флик беше и селектор на германската репрезентација, а најголемите успеси ги забележа со Баерн Минхен, со кој доминираше на европската и домашната сцена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













