Каталонскиот гигант Барселона објави дека нема да отпатува во Јапонија за првиот пријателски натпревар од својата азиска турнеја.
Клубот имаше прецизен план и одамна закажани натпревари во рамки на турнејата, но првиот дуел е веќе откажан поради неисполнети финансиски обврски од страна на организаторот.
Големите европски клубови честопати добиваат значителни суми за учество на вакви турнеи, особено од клубови од Азија или САД, а Барселона требаше да гостува кај Висел Кобе. Сепак, бидејќи не ѝ бил исплатен договорениот износ, клубот одлучи да го откаже патувањето во Јапонија. Под знак прашалник се и останатите два натпревара што треба да се одиграат во Јужна Кореја.
Во официјалното соопштение, Барселона изрази жалење поради ваквиот, како што велат, непрофесионален потег од страна на домаќините.
„Со големо жалење, клубот беше принуден да го откаже своето учество на закажаниот натпревар во недела во Јапонија, поради сериозно прекршување на договорот од страна на домаќинот. Клубот дополнително ќе го разгледа учеството и на преостанатите натпревари во Јужна Кореја“, стои во соопштението на Барселона.
Каталонците требаше да се соочат со Висел Кобе на 27 јули, а потоа и со Сеул на 31 јули и Даегу на 4 август.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













