Барселона испрати понуда до десниот бек на Ал-Хилал, Жоао Кансело, пренесува „Мундо Депортиво“.
Каталонците сакаат да го вратат 31-годишниот португалски репрезентативец, а нивната понуда е да го ангажираат на позајмица до крајот на сезоната и да покријат мал дел од неговата висока плата.
„Мундо Депортиво“ цитира и извори од опкружувањето на фудбалерот, кои сметаат дека неговото враќање во Барселона е речиси сигурно. Самиот играч сака да го напушти Ал-Хилал и е подготвен да се откаже од значителна сума пари за трансферот да се реализира.
Кансело веќе помина една сезона кај Каталонците, кога во сезоната 2023/24 настапуваше како позајмен играч од Манчестер Сити. Во летото 2024 година, спортскиот директор на Барселона, Деко, се обиде да го задржи како прва опција за десната бековска позиција. Меѓутоа, Сити веќе не сакаше нова позајмица и настојуваше да врати дел од средствата вложени во Португалецот. Поради тоа, околностите не се развија поволно и тој беше продаден на Ал-Хилал за 25 милиони евра.
Барса интензивно бара засилување во одбраната во текот на зимскиот преоден рок и во овој момент Кансело се чини како најдобрата можна опција, која не би го нарушила финансискиот фер-плеј.
За него интерес покажува и Интер, но желбата на играчот е јасна и недвосмислена – да се врати на „Камп Ноу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













