Барселона сериозно работи на можноста да го ангажира англискиот репрезентативен дефанзивец Марк Гехи како замена за Данецот Андреас Кристенсен, кој е повреден и ќе паузира неколку месеци поради делумно скинати лигаменти на левото колено, пренесува каталонскиот весник „Спорт“.
Лидерот на Ла Лига планира да го доведе Гехи веќе во јануарскиот преоден рок, а според медиумите, тој е фаворит на спортскиот директор на клубот, Деко. Сепак, се очекува дека Кристал Палас нема лесно да се раздели со еден од своите клучни играчи на средината од сезоната.
Марк Гехи оваа сезона во Премиер – лигата има одиграно 16 натпревари, постигнато два гола, забележано две асистенции и девет удари кон голот, при што добил три жолти картони и има 1.632 минути игра.
Трансферот на англискиот дефанзивец нема да биде лесен, бидејќи за него сериозен интерес покажува и Баерн Минхен. Ако Гехи се одлучи за Бундес-лигата, Барселона би се насочила кон алтернативи како Нико Шлотербек од Борусија Дортмунд или Пау Торес од Астон Вила.
Пред почетокот на сезоната, Гехи беше многу блиску до трансфер во Ливерпул, но договорот пропадна во последен момент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бодо/Глимт го тресна Манчестер Сити
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













