Connect with us

Барселона го одложи трансферот на Кансело: Даночни проблеми го кочат договорот

Барселона сè уште не го финализирала трансферот на португалскиот дефанзивец Жоао Кансело од Ал-Хилал. Причината за одложувањето се административни пречки поврзани со даночни прашања.

Иако Кансело повторно се приклучи на тренинзите на саудискиот клуб, се очекува неговиот трансфер во каталонскиот гигант наскоро да биде реализиран, пренесува „Goal“.

Кансело во петокот се врати на тренинзите на Ал-Хилал во спортскиот центар „Ал Маџидија“ во Ријад.

Португалецот беше на одмор по настапите за својата репрезентација на Светското првенство во 2026 година. Неговото повторно појавување во саудискиот клуб веднаш отвори прашања дали трансферот во Барселона е доведен во прашање.

Сепак, според „Мундо Депортиво“, станува збор само за привремено решение додека двата клуба не ја завршат целата потребна документација.

Според информациите на шпанскиот медиум, официјалното финализирање на трансферот е одложено поради бирократски пречки со кои моментално се соочува Барселона.

Главниот проблем се даночните прашања кои каталонскиот клуб мора да ги реши пред да може официјално да го регистрира новиот фудбалер.

Штом административните процедури бидат завршени, Кансело ќе отпатува за Барселона и ќе стави потпис на договор со важност до летото 2028 година.

Вредноста на трансферот се проценува на 8 до 10 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови