Фудбалерите на Барселона обезбедија пласман во финалето на шпанскиот Суперкуп, откако во полуфиналниот дуел во Џеда убедливо го совладаа Атлетик Билбао со 5-0.
И покрај одлуката на Ханси Флик да го одмори младиот Ламин Јамал, играта на каталонскиот гигант воопшто не трпеше. Напротив, неговата замена Рони Барџи имаше извонредна вечер со еден гол и две асистенции, додека Рафиња постигна два погодоци. Во листата на стрелците се запишаа и Феран Торес и Фермин Лопез, кој покрај голот, забележа и две асистенции.
Барселона силно го започна натпреварот и во период од само 14 минути постигна дури четири гола, практично решавајќи го победникот уште во првото полувреме.
Во 22. минута, Фермин Лопез му асистираше на Феран Торес, кој сигурно реализираше за водство од 1-0. Само осум минути подоцна, Рафиња со одлична повратна топка го пронајде повторно Лопез, а овој со прецизен удар под пречката зголеми на 2-0.
Следеше нов удар за Баските – во 34. минута Фермин ја запиша втората асистенција, а Барџи го искористи подарокот од голманот Унаи Симон и погоди за 3-0. Во 38. минута, младиот Швеѓанец му врати со асистенција на Рафиња, кој со одличен потег го постави конечниот резултат на полувремето – 4-0.
„Петардата“ одекна во 52. минута, кога по уште една убава акција, Барџи асистираше, а Рафиња го постигна својот втор гол на мечот за убедливи 5-0.
По тоа, Барселона го намали темпото, а Флик им даде шанса и на резервистите – на теренот влегоа Жерар Мартин, Марк Бернал, Маркус Рашфорд, а во последните 20 минути и Ламин Јамал и Дани Олмо.
Атлетик Билбао најблиску до почесен погодок беше во 77. минута, кога Гомез излезе сам пред Жоан Гарсија, но шутираше крај стативата.
До крајот, Каталонците рутински ја контролираа играта и го дочекаа последниот свиреж. Во финалето, Барселона ќе игра в недела од 20 часот против победникот од дуелот меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, кој се игра во четврток.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













