Барселона може да остане без младиот играч од средниот ред, Марк Касадо, до крајот на сезоната, објави каталонскиот „Спорт“.
Талентираниот фудбалер, кој оваа сезона доби значајна улога во тимот, има скинат латерален лигамент на коленото. Должината на неговото отсуство ќе зависи од тежината на повредата, но постои реална можност да биде надвор од терените повеќе од два месеци, што значи до крајот на сезоната.
Касадо беше стартер во вчерашниот натпревар против Атлетико Мадрид, заменувајќи го Френки де Јонг, кој се бореше со гастроентерит. Тој беше заменет во 67-та минута, без очигледни знаци на сериозна повреда, иако во првото полувреме имаше жесток дуел со Антоан Гризман. По мечот, меѓутоа, состојбата му се влошила.
Според „Спорт“, има минимални шанси Касадо да се врати за последните два натпревари од сезоната, но поверојатно е дека веќе го одигра својот последен меч оваа кампања.
Поради повредата, тој веќе беше заменет во составот на шпанската репрезентација за Лигата на нациите – неговото место ќе го заземе Алеш Гарсија од Баер Леверкузен.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













