Раководството на Барселона продолжува активно да работи на засилување на својот состав, при што фокусот не е насочен само кон првиот тим, туку и кон академијата „Ла Масија“. Каталонците го насочиле вниманието кон ангажирање на младиот напаѓач на Ал-Ахли, Хамза Абделкарим. Тој во Египет се најавува и како своевиден наследник на Мохамед Салах.
Египетскиот младински репрезентативец привлече внимание на скаутите за време на Светското првенство до 17 години порано оваа година. Во Барселона го гледаат како „идна ѕвезда“ и идеално засилување за Б-тимот за втората половина од сезоната.
Позицијата на централниот напаѓач во академијата беше зона со одредена неизвесност во последната година, што го прави ангажирањето на нов талент приоритет.
Раководството на Барселона веќе испратило втора, подобрена понуда за фудбалерот, вредна 2 милиони евра. Се смета дека египетскиот клуб ја вреднува својата млада ѕвезда на сума од 4 до 5 милиони евра, а преговорите меѓу двете страни се во тек.
Дополнителен плус за Барселона во преговорите е желбата на самиот играч да се пресели на „Камп Ноу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













