Барселона претрпе болен пораз на „Аноета“, губејќи од Реал Сосиедад со 2-1 во 21. коло од Ла Лига. Средбата беше полна контроверзии, ВАР-драми и вистински фудбалски хаос, што ќе остане запаметено долго време.
Домашните стигнаа до победата преку головите на Микел Ојарзабал и Гонзало Гуедеш, додека единствениот погодок за Барселона го постигна Маркус Рашфорд. Поразот ја намали предноста на каталонскиот гигант на само еден бод во однос на вечниот ривал Реал Мадрид, што дополнително ја заостри трката за титулата.
Првото полувреме беше исполнето со ВАР-контроверзии. Фермин Лопез постигна гол во 7. минута, но беше поништен поради наводен прекршок на Дани Олмо врз Такефуша Кубо. Во 28. минута, Ламин Јамал исто така погоди, но ВАР досуди спорен офсајд — разликата беше мерена во милиметри.
Реал Сосиедад ја искористи првата вистинска шанса: по центаршутот на Гуедеш, Кунде реагираше лошо, а Ојарзабал со мајсторски волеј го отвори резултатот.
Барселона продолжи со притисокот, но голманот Ремиро блескаше, а во финишот на првото полувреме пеналот за гостите беше поништен поради офсајд на Јамал.
Вториот дел донесе уште поголемо лудило. Ханси Флик направи тројна измена, вметнувајќи го Рашфорд, Левандовски и Жоао Кансело, што веднаш внесе нова енергија во нападот.
Израмнувањето дојде во 70. минута: центаршутот на Јамал заврши кај Рашфорд, кој со глава донесе 1-1.
Радоста на Барселона траеше само минута — серија грешки во одбраната дозволија Солер да асистира до Гуедеш за 2-1.
Во финишот, ВАР реагираше повторно и директен црвен картон доби Солер по груб старт врз Педри. Барселона создаде уште неколку шанси, погоди стативи и постигна поништени голови, но Реал Сосиедад успеа да издржи и да стигне до епска победа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













