Фудбалерите на Барселона ја обезбедија 29. шампионска титула во Ла Лига, откако вечерва на домашен терен го совладаа Реал Мадрид со 2-0 во „Ел Класико“ од 35. коло.
Каталонците ја завршија работата уште во првото полувреме, кога преку Маркус Рашфорд и Феран Торес стекнаа предност што подоцна рутински ја задржаа. За тимот на Ханси Флик ова е историска титула, освоена директно против најголемиот ривал.
Првата закана на натпреварот ја имаше Реал преку Винисиус Жуниор, но Жоан Гарсија сигурно интервенираше. Сепак, Барселона брзо ја презеде контролата и во 9. минута поведе со мајсторски погодок на Рашфорд од слободен удар. Англичанецот шутираше откосо и целосно го изненади Тибо Куртоа гаѓајќи во спротивниот агол.
Реал се обиде да возврати, но следуваше уште еден удар од домаќините. Во 18. минута Феран Торес зголеми на 2-0 по атрактивна асистенција на Дани Олмо и немоќна реакција на Антонио Рудигер.
Најдобрата можност за „кралевите“ ја имаше Гонзало Гарсија, но не успеа да реализира од одлична позиција, а потоа Ерик Гарсија со пожртвувана реакција спречи сигурен погодок на Винисиус.
Во второто полувреме атмосферата дополнително се вжешти. Имаше жестоки дуели, тензии и жолти картони, а Џуд Белингем дури и ја затресе мрежата во 63. минута, но погодокот беше поништен поради офсајд.
До крајот, Барселона можеше и поубедливо да слави, бидејќи Рафиња и Роберт Левандовски пропуштија неколку добри шанси, но и резултатот 2-0 беше повеќе од доволен за големо славје на „Камп Ноу“.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













