Connect with us

Барса му нуди нов договор на Рафиња

Барселона не сака да ризикува со својата најголема ѕвезда, па Рафиња наскоро би можел да добие нов договор.

Каталонскиот гигант веќе ги започнал првите разговори со бразилскиот репрезентативец, кој со своите настапи на почетокот од сезоната уште еднаш покажа колку значи за тимот на Ханси Флик.

Спортскиот директор Деко, во договор со германскиот стратег, сака да го награди Рафиња за неговите фантастични партии и да му понуди нови, подобрени услови.

Иако Бразилецот во мај 2025 година го продолжи договорот до јуни 2028 година, Барселона сега планира дополнително да го продолжи престојот на својот капитен. Новата соработка би траела до 2029 година, со опција таа да биде продолжена уште една сезона, односно до 2030 година.

Рафиња пристигна на „Камп Ноу“ во летото 2022 година од Лидс, во трансфер вреден 58 милиони евра плус бонуси. По почетниот период на адаптација, Бразилецот под водство на Флик прерасна во еден од клучните фудбалери на каталонскиот состав.

Неговата статистика најдобро го потврдува тоа. Рафиња досега одигра 182 натпревари за Барселона, постигна 83 гола и запиша 60 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови