Connect with us

Барса испрати прва понуда за Родри, но Сити бара 20 милиони евра повеќе

Играчот за врска на Манчестер Сити, Родри, синоќа донесе одлука кариерата да ја продолжи во Барселона, а каталонскиот клуб веднаш ја испратил и првата понуда до „граѓаните“.

Според каталонскиот „Спорт“, понудата била во вредност од 45 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони евра преку бонуси. Очекувано, од „Етихад“ ја одбиле оваа понуда, бидејќи Манчестер Сити бара најмалку 65 милиони евра за освојувачот на „Златната топка“.

Во Барселона, сепак, се мирни бидејќи веќе ја имаат согласноста од самиот фудбалер, чиј договор со англискиот шампион истекува следното лето. Каталонците сметаат дека во моментов нема друг клуб кој би испратил понуда, откако Родри му кажал „не“ на Реал Мадрид.

Според „Спорт“, Барселона има поставено максимална граница од 50 милиони евра како фиксна сума за трансферот. Дополнително би можеле да бидат исплатени уште околу 10 милиони евра преку бонуси, но не повеќе од тоа.

Клубот веќе ги договорил личните услови со Родри, а неговиот агент Пабло Баркеро потврди дека шпанскиот репрезентативец ја избрал Барселона.

„Од почит кон Реал Мадрид, бидејќи нивниот однос беше на високо ниво, Родри ги информираше за својата одлука да се приклучи на Барса“, изјави Баркеро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови