Барселона направи огромен чекор кон полуфиналето на Лигата на шампионите откако на свој терен ја декласира Борусија Дортмунд со убедливи 4-0. На стадионот „Монжуик“, Каталонците одиграа извонреден натпревар и стекнаа значителна предност пред реваншот во Германија.
Рафиња го отвори резултатот во 25. минута, а Роберт Левандовски во вториот дел ја покажа својата класа со два гола – првиот во 48., а вториот во 66. минута. Крајниот резултат го постави младиот Ламин Јамал со погодок во 77. минута, по одлична асистенција токму од Рафиња.
Во вториот четвртфинален натпревар одигран вечерва, Пари Сен Жермен обезбеди солидна предност од 3-1 против англиската Астон Вила, пред реваншот на „Вила Парк“. Гостите од Англија први дојдоа до водство преку Морган Роџерс во 35. минута, но парижани експресно одговорија – само четири минути подоцна Дезире Дуе погоди за израмнување.
Во второто полувреме, Квича Кварацхелија со мајсторска соло акција ја врати предноста за ПСЖ, а во самиот финиш од натпреварот, Нуно Мендеш го постигна третиот гол и ги постави конечните 3-1.
Барселона и ПСЖ се наоѓаат во одлична позиција пред реваншите и веќе може да сонуваат за пласман меѓу најдобрите четири екипи на Стариот континент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата













