Барселона се пласираше во четвртфиналето на Купот на кралот со гостинска победа од 0-2 против Расинг Сантандер. Тренерот Ханси Флик изврши неколку ротации, дел од ѕвездите ги остави на клупата, но сите добија шанса во второто полувреме.
Сантандер успешно одолеа во првиот дел, но во 66-та минута Феран Торес, со асистенција од Фермин Лопез, донесе водство за каталонскиот тим.
Конечниот резултат 0-2 го постави Ламин Јамал во последните моменти од средбата.
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го бранеше голот на Валенсија и ја задржа својата мрежа недопрена во победата над Бургос со 0-2 во Купот на кралот. Тимот од Ла Лига доминираше на теренот и заслужено го забележа триумфот.
Во десеттата минута, Рубо го отвори резултатот за Валенсија, а на почетокот на второто полувреме Умар Садик ја зголеми предноста на „лилјаците“. Бургос немаше сили да возврати и средбата заврши со 0-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal













