Connect with us

Барса го прегази Леванте и повторно е лидер во Ла Лига (ВИДЕО)

Барселона повторно ја презеде лидерската позиција во Ла Лига, откако Реал Мадрид загуби од Осасуна. Каталонците на „Камп Ноу“ рутински славеа против Леванте со 3-0.

Марк Бернал ја отвори серијата голови уште во четвртата минута за 1-0, а Френки де Јонг во 32. минута ја удвои предноста.


Точка на триумфот стави Фермин Лопез со еврогол во 81. минута, за конечни 3-0.

Со ова, Барселона сега повторно води на табелата со 61 бод, еден повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид, ставајќи ги „кралевите“ под притисок во трката за титулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови