Трансферот на Бредли Баркола од ПСЖ во Ливерпул добива сè посериозни размери. Според најновите информации, францускиот репрезентативец веќе дал конечно „да“ за личните услови со англискиот гигант.
Така, најголемата пречка за реализација на трансферот повеќе не е самиот играч, туку договорот меѓу двата клуба.
Ливерпул и ПСЖ веќе водат интензивни и секојдневни разговори за обесштетувањето. „Црвените“ сè уште немаат испратено официјална понуда, но во преговорите веќе ги претставиле првичните финансиски параметри.
Претходно „Л’Екип“ објави дека Ливерпул подготвил понуда од 155 милиони евра, но оваа сума најверојатно нема да биде доволна за да го убеди ПСЖ да го пушти својот офанзивец.
Парижаните јасно ставиле до знаење дека очекуваат уште поголема сума.
Сепак, ситуацијата може дополнително да се промени во следните денови.
ПСЖ веќе го ангажираше Манес Аклиуш, а паралелно работи и на трансферот на крилото на Ајакс, Мика Годс. Покрај тоа, францускиот шампион наскоро би можел да испрати понуда до Барселона за Феран Торес.
Доколку сите овие трансфери се реализираат, Луис Енрике би добил дури три нови офанзивни фудбалери.
Тоа би можело дополнително да го олесни заминувањето на Баркола, бидејќи ПСЖ би имал повеќе алтернативи во нападот и би бил поподготвен да ја разгледа богатата понуда од Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













