Бредли Баркола е сè поблиску до преселба на „Енфилд“, откако францускиот офанзивец дал начелна согласност да го облече дресот на Ливерпул, пренесува „Л’Екип“.
Според истиот извор, Баркола веќе разговарал со челниците на англискиот клуб, како и со новиот менаџер Андони Ираола, а желбата на фудбалерот е двата клуба што поскоро да постигнат договор околу трансферот.
И покрај позитивниот став на играчот, преговорите меѓу Ливерпул и Пари Сен Жермен засега не се блиску до конечен договор. Разликата меѓу понудата на англискиот клуб и барањата на францускиот шампион останува значителна. Според претходните информации, ПСЖ бара дури 170 милиони евра за да се откаже од својот крилен напаѓач.
Во сезоната зад нас, Баркола одигра 29 натпревари во француската Лига 1, постигна 11 голови и запиша една асистенција, потврдувајќи дека е еден од најважните офанзивни адути на парискиот состав.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













