Connect with us

Барди со капитенска порака: „Ќе се вратиме! Главатa горе, ова не е крајот на нашата приказна“

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, објави порака на Инстаграм, по четирите порази на стартот на Лигата на нациите. Тој го поддржа тимот, верувајќи дека Македонија ќе се врати посилна од било кога.

„Дадовме сѐ од себе, се боревме до крај, но некогаш ни максимумот не е доволен. Многу тешки денови поминавме, за секого беше тешко, но одиме заедно да се вратиме подобри. Самокритика и машки да се вратиме. Разочарувањето боли… Но, ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати. ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ! Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна“, напиша Енис Барди.

Македонија во ноември ги продолжува натпреварите со дуели против Словенија дома и Шкотска на гости.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови